Девојчето и нејзиното момче се шетале низ блиската шума, кога започнало силно невреме па одлучиле да се засолнат под едно дрво. Претпоставувате што се случило наредно, нели? Или сепак не?
Гром со јачина од 300.000 волти удрил во девојчето, а лекарите веруваат дека Софи преживеала затоа што електрицитетот поминал преку жицата на слушалките од iPod-от кој бил оставен на земјата, со што нејзините внатрешни органи биле поштедени од моментално пржење.
Девојчето има само лесни изгореници по градите и нозете, а нејзиниот врсник повреда на очите, но според зборовите на докторите двајцата многу брзо потполно ќе се опорават, а девојчето нема да има ниту една трајна лузна по телото.
„Кога ќе ве погоди гром можни се две работи - или ќе патува по површината на вашата кожа до земјата, доколку е кожата влажна, или ќе ја пробие кожата и до земјата ќе патува преку вашите внатрешни органи при што ќе ги изгори“, изјави докторот Јан Колтон од Универзитетот во Манчестер. Тој верува дека во овој случај животот на девојчето е спасен од жицата на слушалките која од нејзините уши ја допирала земјата.