-->

Неделен хороскоп

* хороскопот важи од 14.09.2009 до 21.09.2009

Овен (21.03 - 20.04)

Постигнавте душевен мир. Не дозволувајте никој да го наруши. На повидок е извесна промена. За што и да се работи барем ќе знаете на што сте.

Работа: Конфликтната ситуација бара ладнокрвност. За вистинско чудо, успевате да останете ладнокрвни. Владеете со ситуацијата, иако го прикривате стравот дека нема да профитирате.

Здравје: Доколку имате главоболка, во прашање се синуси. Бидејќи се работи за хронично слаба точка на организмот или за девијации на носот, самите најдобро знаете што треба да направите.

Љубов: Иако упорно и се наметнувате на саканата личност покажувајќи и ја доминантноста, партнерот без кавга го постигнува тоа што го наумил. Меки сте како памук.

Совет: Искористете ја кратката пауза за што подобро да се одморите и да уживате. Чувајте се од повреди поради брзоплетост.

Бик (21.04 - 20.05)

Крајно време е да поведете повеќе сметка за тоа кому се доверувате. Наредните случувања бараат дискреција и брзи рефлекси.

Работа: Плановите за сега остануваат само на хартија. Не губете надеж бидејќи ќе го реализирате тоа што сте наумиле со извесно задоцнување. Само трпеливо и ладнокрвно.

Здравје: Слаба точка на Биковите се жлездите и хормоните. На нив не можете многу да делувате, но на исхраната можете. Барем ќе го ублажите проблемот.

Љубов: Комуникацијата со партнерот е еднострана. Како да не слуша што му зборувате. Слуша тој и тоа добро, но се прави наудрен бидејќи така му одговара. Криза е на повидок!

Совет: Не префрлајте ја вината на други кога е во прашање односот со партнерот. Само вие двајца сте виновни. Затоа самите и барајте излез. Не брзајте со одлуките.

Близнаци (21.05 - 20.06)


Морате да станете цврсти и да се “опаметите“, па се ќе биде во ред. Во спротивно – се по старо.



Работа: Амбициозни сте, така што успехот не е доведен во прашање. Бидејќи енергијата е јака, постигнувате енормни резултати. Сепак, не претерувајте.

Здравје: Депресија, меланхолија, јалови планови - прават да бидете лошо расположени, злобни кон околината. Тоа не е болест, туку начин на размислување.

Љубов: Никако да ја најдете прават личност, ниту да се усогласите со постојаниот партнер. Не е ни чудо кога сте полни со горчина поради киксови од минатото.

Совет: Свртете се кон духовните работи. Доколку најдете мир, полесно ќе функционирате. Материјалната состојба и односи со околината во моментов се во застој.

Рак (21.06 - 20.07)

Во фаза сте на преиспитување на одлуките и личностите на кои им ја подарувате довербата. Доколку извесно време се осамите и оддалечите од главниот проблем, ќе можете пореално да го согледате.



Работа: Работата бара усовршување за да можете да напредувате во кариерата. Ѕвездите им се наклонети на Раковите кои се занимаваат со интелектуална работа.

Здравје: Страв од реалноста и лошите навики се последица на неадекватна комуникација. Престојот во природа ќе ви помогне да постигнете внатрешна хармонија.

Љубов: Девицата е вистинска личност за вас, па немојте да ја одбиете. Ако ништо друго таа со совети ќе ви помогне да го решите проблемот. Незадоволството е евидентно.

Совет: Трпение и упорност имате на претек. Секој пат кога работите ќе тргнат надолу, сетете се на своите тајни адути и вклучете ги во игра. Ќе биде подобро!

Лав (21.07-21.08)


Бидејќи лавовската суета е изразена, уживајте во сјајот и луксузот. Ве опсипуваат со комплименти од сите страни. Една од причините е и тоа што сте слепи за вистинската ситуација.



Работа: Неодлучни сте. Со соработниците несвесно манипулирате. Избегнувате одговорност и лично залагање.

Здравје: Во релативно добар период сте. Суетата е задоволена, па уживате со личност која ја обожувате - самиот себе. До кога тоа ќе потрае?

Љубов: Партнерот во континуитет го става вашето трпение на проба. Само што ќе помислите дека ќе му свртите грб, тој прв се повлекува. Цело време се наметнувате и докажувате.

Совет: Бидејќи натпреварувачкиот дух е нагласен, обидете се да се занимавате со спорт или игри на среќа. Избегнувајте докажувања во погрешно време и на погрешно место.

Девица (21.08 - 22.09)


Од вас се очекува потпирање на сопствени сили. Само со истрајна акција ќе постигнете забележителни резултати. Доколку работите ги оставите недовршени, ќе има проблеми.



Работа: Деловната експанзија е евидентна. Иако се во шрашање ситници, задоволно ги триете рацете. Еден проект ве прави прилично несигурни, но без причина.

Здравје: Проблемите со срцето се последица на променливиот крвен притисок. Избегнувајте конфликти и личности кои ви се мешаат во приватноста. Здравјето во тој случај ќе биде подобро.

Љубов: Лавови ви се слаба точка. Со нив доживувате подеми и падови. Пожилави сте отколку што партнерот може да претпостави.


Совет: Иако ви се чини дека моменталната состојба е тешка, тоа е само прв впечаток. Умеете вие, кога сакате работите да ги свртите во ваша корист.

Вага (23.09-22.10)


Се наоѓате пред значајни промени. Бидете реални. Не очекувајте премногу за да не се разочарате. Зошто се оптеретувате со трачеви?


Работа: Занимавањето со детали води кон губење на суштината и негативно се одразува на работата. Бидејќи избегнувате совети кои не ви се по волја и овој ќе го превидите.

Здравје: Толку сте окупирани со плановите, да немате време да размислувате за здравје. Некои Ваги ги очекува промена кон подобро, но дури откако ќе се отстранат препреките.

Љубов: Сфативте дека со итрина можете да дојдете до срцето и паричникот на партнерот. Што повеќе го мачите тој повеќе ве сака. Врската е малку патолошка.

Совет: Пожелно е да ја сфатите суштината како не би ги повторувале грешките. Октомври ќе биде напорен месец па полека подготвувајте се за ризици.

Скорпија (23.10-22.11)


Зошто сте рамнодушни? Во фаза сте на константно преиспитување и размислување за тоа што треба да направите како би ја подобриле состојбата која почна да биде вон контрола.



Работа: Иако максимално се залагате имате впечаток дека е се залудно. Како да работите не ветуваат поволен исход. Нетрпението ве депримира.


Здравје: Болки во нозете, проблеми со вените и депресивната состојба се реална здравствена слика овие денови. За почеток носете удобни обувки и не ја префрлајте вината на себе.

Љубов: Врската е во криза. Преиспитајте ги грешките. Чувтствувате безизлезност и просто не знаете што да направите. Пожелен е директен разговор па нека биде што биде.

Совет: Главата горе! Сте биле и во потешки ситуации, па сте испливувале. Бидејќи до некаде сте невротични, а малку повеќе песимисти, имајте го тоа во предвид.

Стрелец (23.11-20.12)


Која одлука и да ја донесете, едно каење не ви гине. Ветувањата некој пат може да бидат погубни имајте го во предвид тој факт кога максимално емотивно се трошите.



Работа: Опкружени сте со личности кои не влеваат доверба. Не само што не ви помагаат туку и ви одмагаат. Но, вам ви е барем лесно бидејќи поседувате изобилство на конструктивни идеи.


Здравје: Променливо расположение, незадоволство во комбинација со стомачни тегоби. Пожелно е да се вразумите и редовно да се храните. Овој начин функционира.


Љубов: Бурните емотивни изливи ги прават односите динамични. Не сокривајте ги чувствата. Партнерот го бомбардирате со страст. Врската е постабилна од било кога.


Совет: Потпрете се на личност која ви е вистински пријател. Таа со своите совети ќе ви помогне да од одредени случувања извлечете максимум.


Јарец (21.12-19.01)


Крајно време е да се свртите кон духовноста. Ако целото внимание го насочите кон материјалните добра, ќе бидете склони кон деструкција.


Работа: На повидок е материјален добиток. Сама по себе работата е досадна, бидејќи ништо интересно не се случува. Што сакате, барем паричникот ви е полн.


Здравје: Стомачните проблеми можат да го направат наредниот период незгоден. Собирањето течности во организмот ве прави мрзеливи и троми. Користете диуретици.


Љубов: Со Девица врската е до таа мерка идилична, да размислувате уште колку долго ќе трае. Можеби премногу ги анализирате чувствата за сметка на спонтаноста.


Совет: Активирајте се. Ваша слаба страна е отпор кон промените. Подобро ќе трпите непријатности, отколку да направите мал напор за да ги избегнете.

Водолија (20.01-18.02)


Бидејќи уживате во секој момент, најверојатно нема да имате време да ги читате овие редови. Доколку прогнозите не се во право, значи вие некаде грешите.


Работа: Со леснотија ги завршувате работите. Постигнувате завидни резултати. Пари ќе има на претек, но тие ви поминуваат низ прсти. Постојано во нешто ново инвестирате. До кога?


Здравје: Срце, хормони, но не поради нервирање, туку поради претерување во задоволствата. Пожелно е да се најде златна средина во се, па и во пороците.


Љубов: Го идеализирате партнерот сеуште не согледувајќи ги неговите грешки. Кога еднаш ќе ги спознаете, ќе биде доцна. Но, што да се прави? Летата на крилата на среќата.


Совет: Позитивно делувате на околината пружајќи несебична помош секому. Продолжете со ова темпо, бидејќи сте симбол на хуманоста. Еден сомнеж е неоснован.

Риби (19.02-20.03)

Состојбата бара прилагодување кон новите прилики. Бидејќи паметно просудувате, тоа ќе ви појде од рака. Вагите во моментов ве иритираат, па затоа избегнувајте ги.


Работа: Одличен период за потпишување договори, договарање работи, учење и образување. Избегнувајте влегување во судски спорови, бидејќи можат да бидат долготрајни.

Здравје: Болки во пределот на долниот дел од грбот, не се во врска со `рбетот, туку се од рефлексен тип. Веројатно се работи за слаба работа на бубрезите.

Љубов: Партнерот го ставате на прво место. Не сте задоволни со развојот на случувањата, но барем точно знаете што од него можете да очекувате. Нема дилема.

Совет: Пожелно е да се води сметка за тоа дека сите наредни акции треба да бидат легални. Поради мало невнимание, можна е средба со законот. Тоа не ви е потребно.

 

Copyright © 2009 selotejp.com