Детето почнало да пуши од пред една година и сега пуши по една кутија цигари дневно, пренесуваат локалните медиуми.
Навиката, како и дозволата да пуши, детето ја добило од своите родители. Лијан Лијан е роден со вродена мана - кила, што не може да се оперира поради неговата прерана возраст.
Поради ова, детето секојдневно страдало од големи болки, по што татко му одлучил да му дозволи да пуши, за да му го одвлече вниманието од страдањата.
Лијан Лијан сега е навлечен на пушењето, а родителите не можат да го одвикнат од овој порок.