Хрватска тешко дека ќе може да ги заврши преговорите за присоединување кон ЕУ до крајот на оваа година и да стане членка на ЕУ во 2011 година, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, цитиран од Хина.
Аналитичарите посочуваат дека Загреб се "натпреварува со времето", главно заради граничниот спор со соседна Словенија.
- Сметам дека станува се потешко, изјави Билд за хрватскиот временски распоред за присоединување.
- Тоа е невозможно. Ќе се обидеме да го запазиме распоредот, но неопходно е да се каже дека има извесно отстапување од него, изјави Билд.
Шведска ќе претседава со ЕУ во втората половина на годината.
Последни во оваа категорија:svet