„Меѓаши“ посочува дека членот 1 од Конвецијата за забрана на најлошите форми на детски труд ја обврзува Република Македонија да преземе итни мерки за забрана и елиминирање на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ укажува дека Република Македонија треба итно да го реши овој проблем со обезбедување и реализирање бесплатно задолжително образование за сите деца, со обезбедување работни места за еден од родителите на маргинализираните деца и дополнителна настава за деца кои го пропуштиле редовното образование.
Во светот има приближно 218 милиони деца чиј труд се злоупотребува, 72 милиони никогаш не биле на училиште, а 12 милиони биле жртви на трговија со луѓе.