Габриела Нидлер задоволна е со публицитетот која нејзината кокошка го доби во британскиот печат.
Кокошка снесела јајце тешко 200 грама
Сопственичката на кокошката се прашувала зошто таа една недела не снесува јајца, а видливо се изненадила кога нејзината миленичка на крајот снела јајце три пати поголемо од нормално, пишува локалниот печат.
- Мислев дека после толку големо јајце можеби е повредена, но таа е сосема добро, рече Габриела Нидлер додавајќи дека на кокошката и требало цели 30 минути да ја „заврши работата“ што е шест пати подолго отколку што е потребно за нормално јајце.
Нидлер се обратила до претставниците на Гинисовата книга за рекорди со надеж дека нејзината миленичка ќе влезе во историјата, но и одговориле дека во 19 век една кокошка снела јајце кое било тешко цели 340 грама.Габриела Нидлер задоволна е со публицитетот која нејзината кокошка го доби во британскиот печат.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)