Тоа ќе биде нивно прво учество на вакво големо натпреварување после 1966 година.
Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. Тие одиграа нерешено со Саудиска Арбаија 0:0 во Ријад.
На Саудијците им одговараше само победа за да играат на СП 2010, но сепак одбраната на Северна Кореја одлично функционираше и издржа да не прими гол.
Овој натпревар имаше значење и за Иран кој имаше шанса за бараж ако ја победеше Јужна Кореја во Сеул. Иранците водеа се до 81-та минута, но со голот на Парк натпреварот заврши 1:1.
Сега последниот патник од оваа зона ќе се бара помеѓу Саудиска Арабија, Бахраин и Нов Зеланд. Најпрво Саудијците и Бахраин ќе играат бараж меѓу себе, а потоа победникот оди на двобој со ’кивите’.
Од поодамна Јужна Кореа, Австралија и Јапонија обезбедија настап во Јужна Африка.