-->

Научници оживееја бактерија стара 120 илјади години

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија „разбудија“ од 120.000 години длабок сон една бактерија, која целото ова неверојатно долго време го помина хибернирајќи длабоко под замрзнатите делови на Гренланд.

Овој експеримент, каков што веројатно може да се сретне по некој научно-фантастичен филм, има за цел да ги испита можните одговори на прашањата за настанокот на животот на другите планети. Виолетово-кафеавата бактеријакоја која научниците ја открија и ја нарекоа Herminiimonas glaciei, започна да се размножува откако во рамките на експериментот беше многу пополека загревана во период од 11 месеци.

Експериментот не е опасен за луѓето, тврдат научниците, наведувајќи дека бактеријата не е штетна за човечкиот организам - што е добра вест, бидејќи е толку мала што може да помине низ сите заштитни филтри кои се користат по лабораториите и болниците. Оваа бактерија припаѓа на реткиот вид ултрамикро бактерии, кои живеат во најесктремните услови, а научниците ја „ископаа“ три километри под површината на мразот.

„Ваквата екстремно ладна температура и временски услови се најблиску до екстремните услови кои може да се најдат во вселената и кои би можеле да содржат вонземски живот“, изјави за медиумите Др. Џенифер Лоуленд-Курц, која го предводи тимот на научници од Пенсилванија. „Овие екстремно ниски температури би можеле да чуваат клетки дури и на периоди од неколку милиони години“, додаде Др. Лоуленд.

 

Copyright © 2009 selotejp.com