„Ги одбравме овие 10 пронајдоци поради нивната огромна важност во светската историја и поради влијанието кое го имаа врз нашите животи“, изјави главниот куратор на музејот Тим Бан. За време на летото посетителите ќе можат да гласаат за својот омилен пронајдок.
Британскиот пронаоѓач Тревор Бејлис изјави дека ќе гласа за ракетата „Fau 2“, бидејќи според него таа претставува најголемо постигнување на нашето време, бидејќи довела до истражување на вселената што го отвори патот на развој на сателитите, а потоа и појавата и цутот на мобилните комуникации.
Музичарот Нејтан Соуни кој пати од астма се определи за пеницилинот, истакнувајќи дека овој лек одигра голема улога при лечењето на белодробните заболувања.