-->

Зголемен бројот на малолетници сторители на кривични дела

Минатата година во судовите биле пријавени 1.355 малолетни лица-сторители на кривични дела, што споредено со 2007 година претставува зголемување за 10,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2008 во однос на 2007 година е евидентирано зголемување на бројот на осудени малолетни лица - сторители на кривични дела, за 5,8 проценти.

Бројот на пријавените полнолетни лица-познати сторители минатата година изнесува 15.462 и во споредба со 2007 е зголемен за 2,9 проценти. Лани, споредено со 2007 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 1,4 проценти, а намалување од 2,9 проценти има и кај бројот на обвинетите лица.

 

Copyright © 2009 selotejp.com