-->

WeraMouse V2 глушец кој наликува на пиштол

Компанија од Нов Зеланд произведе компјутерски глушец со интересен дизајн, за чија употреба не ви треба цврста подлога.

WeraMouse V2 глушецот, е егрономски уред, што кажува и самото дополнително име Ergotouch Mouse, кој се користи со една рака и е помал од конвенционалните глувци.

WeraMouse V2 овозможува безжично да управувате со компјутерот дури и на далечина од осум метри.

Од техничка гледна точка ова не е вистински глушец. Уредот има облик на топка со скрол и копчиња за навигација во облик на чкрапало на пиштол. Направен е да го намали притисокот на зглобовите и овозможува корисникот да остане во природна положба, што не е случај при користење на конвенционалните глувци.

Батеријата со едно полнење издржува 28 дена, а полнењето трае 90 минути. Цената на глушецот е 99 американски долари, а веќе е достапен во онлајн продавниците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com