-->

VW Eos GT Sport

Volkswagen под името VW Eos GT Sport ја прикажа најновата верзија на својот спортски roadster, кој доаѓа со 18 цолни гуми, спуштена шасија и целосно црн кров.

Моторите кои се наоѓаат во понудата и не се кој знае колку силни, но се и повеќе од доволни за удобно и брзо крстарење со спуштен кров. Најсилниот бензинец има 260 KS, додека дизелот доаѓа со 140 KS.

Новиот спортски кабриолет доаѓа со хромирани делови на шасијата и кабината, затемнета предна светлосна група, алуминиумски педали, спортски волан со три краци и секако кожна галантерија.

Цената на најевтината варијанта, бензинецот со 122 KS не е ни малку наивна, дури 33.000 евра.


 

Copyright © 2009 selotejp.com