Откако неодамна беше прикажана дизел варијантата на Golf GTI кој го нарекоа GTD, со дволитарски common-rail дизел мотор, во Волфсбург одлучија истиот мотор да го брцнат и во Scirocco GT TDI.
Scirocco до сега се нудеше со истиот дволитарски мотор, но со 140 коњски сили, додека новиот развива 170 КС при 4.200 вртежи/мин и 350 Nm вртежен момент веќе од 1.750 вртжежи/мин. Просечната потрошувачка на стотина километри во комбиниран циклус Volkswagen ја декларира на само 5.2 литри.
Спринтот до стотка трае 8,1 секунди, додека максималната брзина изнесува 220 км/ч. Стандардната опрема вклучува шест воздушни перничиња, ABS, ESP и адаптивна контрола на шасијата, како и сензори за дожд, темпомат и патен компјутер.
Најавената цена за Германија изнесува 21.755 евра.