Tramontana R Edition
Tramontana се појави речиси незабележително пред две години во Женева. Сега пристигна и Tramontana R Edition.
Станува збор за еволуција на стандардниот двосед со откриени тркала, кој поседува 5,5-литарски V12 мотор, позајмен од Mercedes со атмосферска варијанта со 550 KS, како и турбо варијанта со760 KS. Новиот двосед кој има максимален вртлив момент од 1000 Nm може да го „катапултира“ возилото до „100 километри на час“ за 3,6 секунди, додека за постигнување на 200 км/ч потребни се 10,15 секунди.
Меѓуосовинското растојание е скратено за 50 мм со цел да се подобри управувањето и аеродинамиката, а тргнати се и 90 килограми од вкупната маса.
Дваесет цолните бандажи, изработени од комбинација на карбонски влакна и магнезиум се „облечени“ во гуми со димензија 245/40 напред и 335/30 одзади. Со помош на оригиналната Ohlins суспензија, двоседот може да варира меѓу 85 и 135 милиметри.
Производството е ограничено на 12 единици годишно, кои се продаваат по цена од 385.000 евра.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)