-->

Уметничка изложба на македонската дијаспора во АвстралијаTриесетина повредени при удар на гром на стадион во Германија

Околу 30 лица се повредени синоќа кога гром удри на еден стадион во градот Инголдинген во германската покраина Баден-Виртенберг за време на фудбалски натпревар.

Како што јавија германските медиуми, за време на инцидентот на стадионот се играл фудбалски натпревар меѓу два младински тима.

Меѓу повредените се 16-мина фудбалери и над десет гледачи. Тројца од фудбалерите, кои се на 17-годишна возраст, се здобиле со посериозни изгореници, поради што биле итно пренесени со хеликоптер во болницата во градот Улм.

 

Copyright © 2009 selotejp.com