-->

Seat ја претстави Ibiza Bocanegra

Автомобилскиот салон во Барселона ги отвори своите врати, а првото изненадување го подготви Seat кој ја прикажа Ibiza Bocanegra.

Овој автомобил како концептно издание беше претставен минатата година во Женева, а интересот беше толкав што Seat одлучи да го произведува. Bocanegra вo директен превод значи "црна уста", на што му одговара изгледот на предницата.

Црниот браник со црна решетка и затемнетите светла навистина делуваат импозантно, а за пофалба е и што Seat го задржа истиот жесток стил по должина на целата каросерија, па и во внатрешноста. На задниот дел во очи паѓа големиот централен излез на издувниот систем, додека автомобилот се тркала на 17 инчни алуминиумски фелни. Спортските кожни седишта се прошиени со црвен конец, а тука се и алуминиумските папучи.

Bocanera ја движи 1.4 литарски TSI бензински мотор со четири цилиндри и два полначи, кој развива 150 или 180 КС. Силата на предните тркала се пренесува преку автоматизираниот DSG менувач, а возачот има опција за мануелен пренос на брзини.

 

Copyright © 2009 selotejp.com