-->

Официјално претставена Seat Bocanegra

Seat на саемот за автомобили во Барселона ја претстави новата изведба на компактната Ibiza. Станува збор за сериска изведба на истоимениот концепт-модел претставен минатата година во Женева.

Многумина мислеа дека Bocanegra всушност е најава за Cupra. За жал останаа разочарани кога беше претставена новата Cupra, бидејќи визуелно ни малку не беше впечатлива како претпоставениот модел. На крај се воспостави дека моделот од Женева претставувал почеток на една нова верзија на Ibiza.

Точно е дека Bocanegra се базира на Cupra, но... Овој модел автомобил исто така делумно потсетува и на оригиналната Bocanegra, односно моделот 1200 Sport од 70-те години на минатиот век. Моделската понуда на Ibiza како и досега, покрај стандардните изведби ќе ги содржи и Ecomotiv, Cuprа и Bocanegra. За дизајнот на последната е заслужен поранешниот дизајнер на Lamborghini, Лук Донкерфолке.

Од стандардната изведба Bocanegra ќе се разликува по двојните предни светла со црна позадина, маската на моторот, новите отвори за воздух, црните куќишта за страничните ретровизори, црниот стаклен кров, 17 цолните бандажи и кровниот спојлер.

Bocanegra ќе биде достапна во црвена и бела боја. Ентериерот ќе го карактеризираат црните кожни седишта, подрабени со црвен конец, спортскиот триаголен менувач, алуминиумските педали и слични детали како што е „B“ логото.

Bocanegra ќе се движи со помош на 1,4-литарскиот TSI мотор на Volkswagen со сила од 150 и 180 KS, во комбинација со 7-степенски DSG менувач, а од нула до 100 км/ч ќе забрзува за 7 секунди.

Продажбата на европскиот пазар треба да започне кон крајот на годинава, а заинтересираноста на купувачите, ако сегашната криза попушти, ќе биде голема. Новата Ibiza првенствено со својот атрактивен изглед, но и солидниот компромис меѓу перформансите и економичноста може да стане вистински хит.

 

Copyright © 2009 selotejp.com