![](http://images.mt.net.mk/images/blackberry-storm.jpg)
Сепак компанијата одби да даде повеќе детали за овој уред, кој ќе доаѓа со екран осетлив на допир. Ваквиот екран, како што претходно наведоа од компанијата е дел од нивната стратегија за ширење на „големиот потрошувачки пазар“.
Засега се знае дека новиот Storm ќе има поддршка за Wi-Fi и малку изменет екран, кој би требал да го олесни користењето.
Research In Motion засега не го откриваат датумот на појавување на овој телефон, но неофицијално се дознава дека тоа ќе се случи во текот на септември годинава.