Гламурозната актерка Џесика Бел потпиша ексклузивен договор со светски познатиот бренд „Revlon“.
Бел се придружува на долгиот список заштитни лица на „Revlon“, кои со својот изглед, глас и однесување го рекламираат популарниот бренд. Бел е последна ѕвезда на платниот список на козметички гигант, кој порано го рекламираа познати холивудски убавици од типот на Хали Бери, Џенифер Конели, Џесика Алба...
Но, девојката на Џастин Тимберлек веќе ја одработи својата работа откако се појави на новата Revlon добротворна акција „EIF Revlon Walk“ која се одржа во Њујорк.
- Џесика е една од најубавите жени во светот. Задоволни сме што ја ангажиравме за наше ново заштитно лице. Појавувањето на добротворната манифестација се надевам е само почеток од нашето партнерство. „Revlon“ секогаш ги земал под закрила најубавите успешни жени на планетата, изјави од козметичката компанија.