-->

Водат правна битка да го наречат детето Q


Шведската двојка не попушта во настојувањата официјално да го нарече своето дете Q - Кју. За тоа дали смее личното име да содржи само една буква, ќе одлучи врховниот суд.

Родителите од местото Аре во северна Шведска сакаат да го наречат детето Кју, но не биле инспирирани од ликот на филмовите со Џејмс Бонд. Кју исто така постои и во ’Ѕвездени патеки’. Проблемот е што според шведскиот закон за имињата од 1982 година, не е јасно дали смее името да има една буква, известува Телеграф.

„Постојат и почудни имиња од Кју во нашиот крај“,велат родителите за чија желба ќе расправа врховниот суд. Како алтернатива, ако не помине името со една буква, двојката го понудила името Q: u.

Шведска почна правно да ги регулира имињата во почетокот на 20 век бидејќи многу луѓе ги злоупотребувале имињата на славните личности поради разна лична корист.

Исто така, законот може да го забрани името за кое што постои доволна причина дека би можело да претставува проблем во подоцнежниот живот на детето.

Минатата година законот за давање на имиња е реформиран и родителите се надеваат дека нивното барање сепак ќе помине.

Шведска веќе имаше неколку скандалчиња околу давање на имиња во 2007 година кога една двојка сакаше да ја нарече својата ќерка Металика според познатите металци, но не добија одобрување. Од друга страна, одобрување добија родителите кои го нарекоа синот Google, според интернет пребарувачот.

Во 1996 година во знак на протест против законот, маж и жена се обиделе да му дадат име на синот Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116 за кое што објасниле дека се изговара Албин. Се разбира, не успеаја во тоа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com