-->

Phase Change RAM

Од јуни, Samsung започнува со масовно производство на PRAM мемориски чипови, кои ќе донесат значително подобри перформанси и поголема долговечност од флеш мемориите кои моментално ги користиме.

PRAM мемориските чипови ги карактеризира способност да запишуваат нови податоци не бришејќи ги претходно запишаните податоци. Барем така тврди Samsung, а ова ќе значи 30 пати поголема брзина на работа и десеткратно поголема долговечност во споредба со флеш меморијата.

За крајните корисници (шизиците како вас) најважно е тоа што овие чипови ќе се појават наскоро на пазарот, само сеуште не се знае во кои уреди.

 

Copyright © 2009 selotejp.com