Поучени од успехот кој Renault Го постигна со Dacia, во Opel сериозно размислуваат за оживување на името Wartburg.
Автомобилот кој би се градел на платформата на Corsa би чинел околу 7.000 евра, пренесува Ward. Wartburg произведуваше автомобили од 1898 до 1903 и од 1956 до 1991. За време на комунистичката Источна Германија, освен Trabant, Wartburg беше единствениот производител на автомобили.
Во Opel кој моментално го очекува неизвесна иднина на промена на сопствениците откако мрачен облак на банкрот се надвисна над досегашниот сопственик GM, веруваат дека ефтин модел на база на Corsa би го зголемил производството во фабриката во Ајзенах во која работат 1.800 луѓе.
Минатата година фабриката произвела 156.972 автомобили, 13,7% помалку отколку во 2007 година.