Новата верзија на Office-от не носи некои револуционерни новости во споредба со Office 2007. Акцентот е ставен на верзијата на апликациите Word, Excel, PowerPoint и OneNote, кои се прилагодени да се користат во самиот интернет пребарувач. Office 10 ќе биде прв Office-пакет кој покрај стандардната 32-битна ќе ја има и 64-битната верзија.
Засега нема податоци кога тест верзијата на новиот Office ќе биде достапна за поширок круг корисници, а конечната верзија на Office 2010 се очекува во текот на следната година.