Се започна во не толку далечната 1999 година. Во третиот квартал од оваа година, Nikon го исфрли првиот професионален дигитален фотоапарат со ознака D1 кој се задржа на тронот до крајот на 2000 година.
На почетокот на 2001 година, го исфрла моделот D1X кој остана незаменет до половината на 2004 година. Паралелно со D1X излегува и моделот D1H. Двата модели ја претставуваат елитата на Nikon, со тоа што D1X е со висока резолуција, а D1H се истакна со голема брзина. Х серијата во втората половина од 2004 продолжи со моделот D2X, а во 2006 и со D2Xs.
Потоа, следеше мало затишје и на крајот од 2008 година Nikon го исфрла своето последно дело во професионалните води, D3X.
Серијата Н имаше сличен развој. Во втората половина на 2003, на сцената стапува D2H кој го држи тронот се до 2005, кога го заменува D2Hs. Во 2007 е заменет со сегашниот модел D3. Во втората половина на 2008 година, во друштвото на професионалци Nikon го уфрла моделот D700, кој заедно со D3X и D3 моделите се единствените Nikon модели со full frame сензор, односно сензор со полн формат (35mm).
Полупрофесионалната серија започнува кон почетокот на 2002 година со моделот D100 и подоцна, кон крајот на 2005, се развива моделот D200. D200 ја држи првата позиција се до половината на 2007 година, кога го заменува сегашниот модел D700.
Долната класа на полупрофесионални фотоапарати започнува во 2004 година со моделот D70 и почетокот на 2005 со D70s. Во 2006 излегува легендарниот D80, кој во вториот дел на 2008 доживеа и свој наследник - D90.
Исто како и D700 во професионалната, во втората половина на 2008 Nikon го исфрла новиот модел D5000 во долната класа на полупрофесионални фотоапарати.
Entry level фотоапаратите, односно почетничките апарати во dSLR фотографијата Nikon започнува да ги развива релативно доцна. Дури на почетокот на 2005 година го лансира моделот D50, а година дена потоа и D40 кој е актуелен до ден денес. на почетокот на 2007 година, D40 добива подобра половина - D40х, кого во 2008 година го наследи D60.