-->

Откази во Microsoft - втора рунда

Microsoft најави уште една серија на отпуштања во која околу 3.000 работници (претежно од САД) ќе мора да бараат нов работодавец.

Сепак, ова најверојатно и не е конечниот број на отпуштања во компанијата. Имено, Стив Балмер во мејлот кој неодамна го испратил до своите вработени, напишал дека одборот и понатаму активно ја следи ситуацијата со глобалната економија и дека, доколку е потребно, компанијата ќе продолжи со намалување на трошоците, во кои секако - спаѓаат и нови откази.

Но, освен делењето на откази, во Microsoft велат дека планираат повторно да вработуваат луѓе штом дојде до заздравување на глобалната економија, а можеби и поскоро. Новите работници би биле распоредени во популарните и растечките работни единици, како на пример, дивизијата за онлајн сервиси.

 

Copyright © 2009 selotejp.com