-->

Уганда сака Aфриканец да се качи на Mесечината


Африканците мора да патуваат до Месечината за да истражат со што се занимаваат развиените нации во вселената, вели претседателот на сиромашната Уганда.

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевини ги повика Африканците да полетаат кон Месечината, за да видат со што развиените земји се занимаваат во вселената.

„Американците и Русите беа на месечината, Кинезите и Индијците исто така ќе полетаат кон месечината, единствено ние Африканците смe заседнале на земјата“, изјави Мусевени.

„Мора и ние да појдеме таму и да речеме: Што правите таму?“

Тој призна оти неговата држава не е во можност да испрати мисија на месечината, но доколку сите земји од источна Африка би се обединиле, мисијата би била возможна.

Претседателот на Уганда од порано се залага за идејата за политичко и економско обединување на земјите од источна Африка, во кое би влегле Уганда, Кенија, Танзанија, Бурунди и Руанда.

 

Copyright © 2009 selotejp.com