-->

Insignia OPC Sports Tourer

insig by you.

Откако ја покажаа Insignia OPC во хечбек издание, од Opel стигнува и нивниот најжесток караван со кој планираат да им ги замрсат плановите на Audi S4 и BMW 335i Touring.

Insignia OPC караванот ја движи истиот 2.8 литарски битурбо V6 мотор со 326 КС како и хечбек верзијата. Единствената разлика помеѓу двата автомобили, освен изгледот, е што караванот до стотка спринта малку поспоро и што нуди повеќе багажен простор - 540 литри стандардно, односно 1.530 литри со преклопена задна клупа.

insig-2 by you.

OPС караван, кој во Opel го нарекуваат Sports Tourer, до стотка забрзува за 6 секунди (0,2 секунди поспоро од хечбекот) и постигнува електронски ограничена брзина од 250 км/ч.

insig-3 by you.

Автомобилот треба да се појави во продажба од оваа есен.


 

Copyright © 2009 selotejp.com