Си седите на клупа со девојката од вашите соништа и си гледате во небото. "Која ѕвезда е онаа?", ве прашува вашата драга, а вие го вадите мобилниот, го фоткате небото и за неколку моменти одговорот е на вашиот мобилен телефон.
Star Droid користи GPS кој во денешно време доаѓа вграден во повеќето мобилни, за идентификација на положбата на корисниците и ја споредува снимената фотографија со веќе познатите карти на вселената.
Кога ќе го одреди името на ѕвездата, автоматски ќе ја тагира фотографијата.
Овој софтвер ќе им помогне на луѓето да научат повеќе за небото и небесните тела, а ќе биде интересен и експериментот со користење на мобилни телефони, бидејќи прашањето е колку детали ќе можат да се прочитаат од нискоквалитетна фотографија.
Апликацијата, која треба да излезе неделава, ќе може да ја одреди и оддалеченоста на ѕвездата од Земјата.