Грчката агенција за заштита на податоци го сопре фотографирањето на грчките улици наменето за сервисот Street View на Google, во очекување на дополнување на полисата за приватност на американскиот интернет гигант.
Познато е дека сервисот Street View им овозможува на корисниците на Google поглед од 360 степени на улиците и градскиот простор. Грчките власти бараат од Google да наведе колку точно ќе ги чуваат фотографиите на интернет и на кој начин ќе бидат информирани за нивните права луѓето кои случајно биле фотографирани на улиците.
Услугата Street View стартуваше пред две години во САД, а сега покрива дури 9 земји, вклучувајќи ја и Велика Британија. Од Google велат дека се планира фотографирање и покриеност на територијата од цела Европа.
Грција е првата земја која "ставо вето" на интернет гигантот и побара ревизија на полисата за приватност на оваа компанија, пред да продолжи со било какво фотографирање на нивните улици.
Последни во оваа категорија:internet