Интернет џинот се одлучи за промоција на својот веб прелистувач да се послужи со класичен медиум. Американските тв куќи започнаа со прикажувањето на телевизиските реклами на Google.
Google отсекогаш се фалеше со тоа дека е еден од најпрепознатливите светски брендови кои за својата популарност може да му заблагодарат единствено на интернетот и на усното предание. Сега, во таборот на Google, се одлучија и за рекламирање на телевизија.
Во спомнатите тв реклами, Google Го промовира својот веб прелистувач Chrome кој откако беше претставен минатата година, успеа да зграби 1,4% од пазарот.