-->

Fiesta - вистински хит

Со излегувањето на 250.000-от примерок од фабриката во Келн, новата Ford Fiesta стана најбрзо продаваниот модел и тоа само девет месеци откако автомобилот се најде во продажба.

Ниту еден претходен модел на Fiesta нема доживеано ваков клучен момент во толку краток временски период. Само во март, европската продажба скокна на 52.800, донесувајќи му ја на Ford титулата најпродаван европски автомобил според показателите на британската автомобилска консултантска куќа JATO Dynamics. Ова е најдобра продажба на сите модели на Fiesta od 1996 година.

Во Европа, новата Fiesta се произведува во келн, а од јануари годинава и во Валенсија, Шпанија. Во склад со својот глобален статус, Fiesta исто така се произведува и во Нанјинг во Кина, а од 2010 ќе се произведува и во Рајонг во Тајланд, како и во Мексико. Продажбата во Северна Америка започнува во 2010 година.

Откако е произведена првата Fiesta во 1976 година, продадени се повеќе од 12 милиони ширум светот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com