Conflicker го започна својот поход по компјутерите во октомври минатата година, а иако Microsoft недолго по неговото појавување издаде закрпа за пропустот кој го користи црвот, тој пронајде начин како да ја заобиколи. И не само ова - црвот пронајде начини дополнително да се дистрибуира на компјутерите преку преносните медиуми, создавајќи ја (како што тврди Symantec) моментално најголемата ботнет мрежа на светот.
За потсетување, спомнатиот црв го искористува пропустот така што пробува да отвори порта во распонот од 1024 до 10000 и потоа пронаоѓа компјутери низ мрежата на кои се копира преку класичниот http протокол. Потоа, се вгнездува во системскиот директориум на Windows и ја продолжува својата дистрибуција на останатите компјутери.