-->

BMW серија 7 Hybrid доаѓа во Франкфурт

Понудата на луксузни хибридни лимузини наскоро ќе добие нов член. На интернет се прошири информацијата дека BMW на годинешниот саем за автомобили во Франкфурт ќе ја претстави хибридната серија 7.

На Mercedes S400 BlueHYBRID и на Lexus LS 600hL ќе им се придружи уште една еколошки настроена лимузина. Станува збор за BMW Серија 7, односно за нејзината хибридна изведба 750hi, која во форма на концепт, наречен ActiveHybrid, премиерно беше преставена на минатогодишниот париски саем за автомобили.

Извори блиски до компанијата јавуваат дека во Франкфурт ќе биде претставена и сериската изведба, која на пазарот ќе се најде веднаш по дебито. За потсетување концепт изведбата ја движеше хибриден погон, кој го сочинуваа 4,4-литарскиот V8 со сила од 303 kW, односно 412 KS и електромотор со сила од 20 KS и вртлив момент од 210 Nm, кој со струја ќе се напојува од литиумската батерија.

Хибрид концептот на BMW доаѓаше со регенеративен систем за запирање, stop-start систем, подобрена аеродинамика и слично. Сите овие карактеристики се очекуваат и во сериската изведба. Овие опции на ActiveHybrid му дадоа помала потрошувачка и емисија на штетни гасови за околу 15 отсто во споредба со стандардниот модел.

За крај треба да споменеме дека електричниот дел од системот може да го движи автомобилот при најмала брзина, како и да го потпомага конвенционалниот мотор при поголемо оптоварување.

 

Copyright © 2009 selotejp.com