-->

Супермоделите во секси костими за капење

Супермоделите се враќаат со голем стил. Шест најдобри модели покажаа за V магазинот дека нивното време се уште не е пројдено.



Иако пред некој ден Црната Пантерка најави дека дефинитивно се повлекува од модната сцена, таа со големо задоволство учествуваше во фото сесијата за славниот V магазин.

Наоми им се придружи на нејзините колешки, Клаудија Шифер, Кејт Мос, Жизел Бундхен, Ева Херцигова и Дариа Вербо, кои се собраа за снимањето на насловната страна за V магазинот. Оскудно облечени во провокативни костими за капење, тие со својата појава засениле многу помлади колешки од нив, тие и понатаму изгледаат сензационално.

Овие шест убавици ќе се појават на една од шесте различни насловни страни за овој магазин за месец мај, а за фотографиите е заслужен еден од моментално водечките светски фотографи Марио Тестино.

Покрај шесте супермодели, во ова специјално издание со костими за капење ќе се појават уште неколку најбарани машки и женски модели.

























 

Copyright © 2009 selotejp.com