Од создавањето на анимираниот лик на Мики Маус во 1928, гласот му го позајмуваа единствено неговиот "татко" Волт Дизни, а потоа Џими Мекдоналд (од 1947 до 1976 година). Алвин, кој имаше најдолг стаж како гласот на Мики Маус, дебитираше во 1977.
Рој Дизни, внукот на Волт Дизни и еден од директорите на компанијата, чувството на жалење поради загубата на човекот кој му го даде гласот на најсаканиот лик на Дизни го изрази писмено: "Вејн не само што му даде глас на Мики, туку му даде и срце и душа".