-->

Витамините ги блокираат ефектите од вежбањето

Витаминските суплементи може да ги поништат некои од ефектите на вежбите, покажа последното истражување.

Физичките вежби ја подобруваат регулацијата на енергијата на телото, но земањето витамини Ц и Е после вежбање придонесува за блокирање на овој процес, покажа студијата.

Познато е дека со вежбање се зголемува ефектот на хормонот инсулин, кој ја одржува рамнотежата на нивото на шеќер во крвта, нешто што е особено важно за енергијата.

Деструктивните „слободни радикали„ кои ги оштетуваат клетките и ДНК-та и го забрзуваат стареењето се произведуваат во огромни количини за време на напорните вежби. Сепак овие молекули телото исто така ги користи за да го спречи оштетувањето на клетките после вежбање. Витамините Ц и Е го неутрализираат овој ефект на „слободните радикали“.

Студијата е спроведена врз 40 мажи, кои поделени во две групи, во зависност од тоа дали секојдневно земале витамини Ц и Е или не, пет дена во неделата вежбале по 85 минути. На крајот на едномесечното истражување, ефектите од вежбањето биле значително позабележителни кај лицата кои не земале витамински суплементи.

 

Copyright © 2009 selotejp.com