Шаренилото во чинијата за јадење има ново значење, не само што јадењето станува „повесело“, туку и внесувањето на витамини е поголемо, а со тоа и здравјето е подобро.
Црвени цреши, црвена пиперка, јагоди и домати богати со ликопен, се добри природни антиоксиданси, кои се добри за борба против разни болести, а им помага на луѓето против изгореници.
Мандарините, морковите, мангото, компирот и кајсиите содржат алфа и бета каротен, антиоксиданси кои ја штитат кожата од ултравиолетовото зрачење и помагаат во изградувањето на нови клетки.
Зелените јаболка, кељот, брокулите, крушите и спанаќот се извор на лутеин и каретеноид кој е добар за хидратација на кожата, еластичност и здрави очи. Авокадото и лиснатиот зелен зеленчук се богати со витаминот Е, кој ја зацврстува кожата и го спречува настанувањето на борите.
Секое овошје или зеленчук има своја важна состојка која спречува некоја болест или пак го успорува стареењето и го подобрува здравјето. Препорачливо е секојдневно овошјето и зеленчукот да се наоѓаат во вашата чинија. Што повеќе бои, толку повеќе здравје.