-->

Мажите на пат кон исчезнување

Австралиски научник тврди дека доколку продолжи трендот на намалување на гените во хромозомот Y, за пет милиони години машкиот пол би можело да исчезне. Но, нуди и оптимистичко сценарио.

geni1 by you.

Професорката Џенифер Грејвс тврди дека машкиот хромозом Y полека изумира и дека би можел целосно да исчезне за пет милиони години. Но, професорката смета дека мажите би можеле да го следат примерот на некои глодари кои и понатаму успеваат да се размножуваат иако немаат витални гени кои го создаваат хромомозот Х.

Покрај ова, смета дека би можеле да се појават и нови човечки видови.

"Ако за мажи е потребен хромозомот Y, а тој исчезнува, големо прашање е што ќе се случува понатаму", вели професорката.

geni by you.
Микроскопска снимка на човечките хромозоми

Хромозомот Y го има генот SRY кој влијае на развојот на тестисите и пумпа машки хормони кои се заслужни за машките карактеристики.

"Луѓето не можат да се размножуваат партеногенетски, како некои гуштери, бидејќи некои гени мораат да дојдат од мажите. Но, добра вест е што одредени видови глодари го немаат хромозомот Y ниту генот SRY, но и понатаму се размножуваат. Некој друг ген ја презел неговата улога и би сакале да знаеме за кој ген се работи", вели Грејвс, професорка од Австралискиот национален универзитет во Канбера.

 

Copyright © 2009 selotejp.com