Локалните власти во американската држава Њу Хемпшир го усвоија предлог законот со кој се одобруваат хомосексуалните бракови во оваа држава.
Законодавците во државата Мејн исто така претходно го одобрија предлог законот со кој треба да се дозволат хомосексуалните бракови. За законите да станат правосилни, неопходно е да бидат одобрени од гувернерите на овие држави, кои до сега се немат изјаснето.
Доколку гувернерите ги прифатат овие закони, Мејн и Њу Хемпшир ќе станат пета и шеста американска држава во која се дозволени геј бракови.
Гувернерот на Њу Хемпшир Џон Линч претходно изјави дека смета дека зборот "брак" треба да се користи само за заедница помеѓу мажи и жени, но не кажа дали ќе го потпише законот.