-->

Се обеси поранешна Мис на Македонија


Марија Радуловиќ, поранешна мис на Македонија е најдена мртва во нејзиниот дом во Куманово. Според првичните информации се работи за самоубиство со бесење.

36-годишната манекенка Марија Радуловиќ вчера се обесила во семејниот стан лоциран на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово.

Од СВР Куманово соопштија дека добиле информација од случајни минувачи кои го виделе телото на девојката на балконот од станот.

Радуловиќ го извршила самоубиството во 16:15 минути.

Марија Радуловиќ е позната македонска манекенка и фото модел, која градеше меѓународна кариера.

 

Copyright © 2009 selotejp.com