Британските научници направиле фластер, кој со помош на светлина ги уништува станиците на ракот. Фластерот е составен од стотина органски Лед диоди кои емитираат електрицитет силен колку телевизиски приемник.
Светлината предизвикува хемиска реакција на крема која пред третманот се нанесува на кожата.
Првите истражувања покажале, дека реакцијата на уништување на станиците на туморот трае само 30 минути. Како споредба, сегашните третмани со ласери и ламби траат и до шест часа. Покрај тоа пластичниот фластер е поедноставен за употреба. Пациентите можат да го насат и дома и на работа.
Диодите се полнат со батерии кои може пациентот да ги носи околу зглобот. Стив Клемет од Полиметроника, лабораторија која го направила фластерот, рекол дека фластерот може да се стави на подвижни пациенти, пренесува “Индекс хр“.