Чиро селектор на Србија!?
Контроверзниот хрватски стручњак Мирослав Чиро Блажевиќ би можел по светското првенство во 2010 година да ја преземе репрезентација на Србија. Таа информација вчера била проследена до хрватскиот дневен весник Јутарњи Лист од "добро известен извор од Белград, а потоа ја потврдил и независен извор од Загреб".
"Веста навистина изгледаше сензационално, на прв поглед неостварлива. Но, изворите тврдеа дека челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија веќе воспоставиле контакт со "тренерот над сите тренери"", тврди Јутарњи.
Оваа информација предизвикува голема конфузија кај нашиот северен сосед ако се знае дека Србија во моментов има одличен селектор во името на Радомир Антиќ со кого е многу блиску до пласман на претстојното светско првенство во Јужна Африка. Неофицијално, Антиќ најавил заминување по Мундијалот бидејќи имал понуди од Шпанија.
"Србите ме сакаат за селектор, денеска добив доволно јасни сигнали од Белград. Тоа е голема чест и знак дека Чиро секаде е добредојден. Нагласете дека Антиќ е одличен тренер и врвен селектор, но по светското првенство се враќа во Шпанија, па Србите се сетија на мене. Морам да кажам дека тоа е голема сатисфакција, во Хрватска ме прогласија за стар, а гледате дека се уште сум во игра", изјави Блажевиќ.
Селекторот кој ја однесе Хрватска до бронзениот медал на светското првенство во Франција пред 11 години е свесен дека ваквиот план е далеку од реализација поради односите на Србија и Хрватска и поради тоа што во моментов тој има ангажман.
"Сега ми е најважно да успеам со Босна и Херцеговина. Не ме даваат мене моите Босанци. Кога дојдов тука за да ја водам нивната репрезентација, ја обединив БиХ, сега ќе ја обединам Југославија", заврши популарниот Чиро.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)