Еден крадец се обидел да украде доста вреден дијамантски прстен проголтувајќи го! Полицијата го уапсила откако со детектор за метал поминала по неговиот стомак, а после три дена по природен пат на виделина излегол и доказот за грабежот.
Еден пијан студент го проголтал клучот со големина од 5 сантиметри од неговата соба во домот само за да би можел да продолжи да се “журка“. Следниот ден мамурниот 18-годишен Крис Фостер не можел да се сети на ништо, но рендгенската снимка му ја освежила меморијата.
Шокирани хирурзи не успеале да откријат како големата боца од лак за коса се нашла во задникот на 37-годишната Романка. Мирела Градинару плачејќи ги преколнувала докторите да и помогнат, но не сакала да признае како лакот за коса завршил во нејзиниот задник. За да го отстранат предметот докторите мораеа да ја подложат на хируршка интервенција.
Еден човек влетал во итната служба со 40 сантиметри долга цевка во окото, тој се сопнал во кадата. Тој чекал докторите да повикаат водоинсталатер, на крај самиот ја откорнал цевката до окото.
Далматинецот Дикси од Велика Британија изел чоколадно јајце со играчка од популарниот Хомер Симпсон во него. Морало да му се направи операција, затоа што играчката се заглавила во неговите црева.
Британскиот кокер шпаниел се разболел откако проголтал пластична играчка која му се заглавила во стомакот. Операцијата траела повеќе од 3 часа