-->

Првата жртва на свински грип во Косово?

Косовските здравствени власти се мобилизирани откако 27 годишна девојка почина денеска на Клиничкиот центар во Приштина под сомнеж дека е заразена со вирусот А Х1Н1.

Девојката била задржана на лекување синоќа, со болки во белите дробови и проблеми со срцето - симптоми кои се карактеристични за смртоносниот грип. Според косовските медиуми починатата во родното село Стубла кај Витина пристигнала од Швајцарија.

„Препорачно е да се изолира собата, да нема контакти со други лица, секое пренесување и секој сомнеж ќе направи други проблеми, затоа ја затвараме собарата за да се спречи ширењето на вирусот“, изјави Насер Рамадни, директор на косовскиот нацинален институт за јавно здравје

Ургентниот центар каде што била хоспитализирана девојката е затворен за нови пациенти. Го чуваат припадници на силите за безбедност. Официјално нема потврда дали девојката била заразена со опасниот вирус.

Примероци од крвта веднаш биле испратени во референтна лабораторија во странство. Иако грипот тропа во нашето соседство, Владата одлучи да го намали буџетот за оваа намена. Наместо три милиони евра колку што побараа експертите, одобри само 800.000 евра. Наместо 100.000 кутии од лекот Тамифлу, ќе набави само 50.000. 150.000 пакувања ќе стоеле резервирани еден месец во компанијата Рош.

„Доколку се утврди потреба, Владата ќе реагира брзо и ќе набави дополнителни количини лекови и потрошен медицински материјал“, рече Дураки, портпарол на Владата на РМ.

Од претставништвото на компанијата Рош велат дека иако се резервирани временски не ја гарантираат испораката на овие 150.000 пакувања поради големата побарувачка во светот. Нема да се набават три- туку само една термо камера за скопскиот аеродром. Затоа пак, ќе се обезбедат средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери кои Македонското здравство ги купи уште при појавата на птичјиот грип во светот.

Од домашните производители владата бара енормно да го зголемат производството на антибиотици. Нејасно е зошто и покрај јасното ветување на премиерот Груевски дека ќе биде обезбедено се што ке побараат експертите, го намали буџетот за оваа намена, токму кога СЗО објави дека пандемијата е неизбежна.

Патниците кои влегуваат од Косово во Македонија не подлежат на лекарски преглед

На граничниот премин Блаце нема лекарски екипи, ниту пак се приметуваат заштитни маски, кои ги носат граничните полицајци. Сите патници кои влегуваат од Косово во Македонија не подлежат на лекарски преглед. Нема никаков застој на протокот на возила.

 

Copyright © 2009 selotejp.com