-->

Раководителка на подружница на Он Нет повеќе од еден месец го крадела дневниот пазар

Близу 40 илјади евра е пленот што вработена во Он. Нет успеала да го украде за два месеца. 25 годишната скопјанка вработена како раководител на подружница на Он. Нет во скопскиот трговски центар Бисер, од 25 февруари до 2 април успеала да го скрие дневниот промет на продавницата.

Наместо парите да ги предава на овластени лица од Тутунска банка, таа ги задржувала за себе. Се правдала дека продавницата не остварила дневен промет по што вработените во банката побарале целосен извештај од финансиската служба во Он. Нет. По ова вработената, фалсификувала страници од книгата за пратки – искористила регуларни страници од деновите кога го предавала прометот со лажен датум.

Вработената во Он. Нет полицијата ја привела од граничниот премин Блаце при влез во Македонија. Еден месец по пријавувањето на случајот во полиција била недостапна за разговор. Во полициската станица се правдала дека парите кои ги украла биле за нејзиниот сопруг кој бил во големи долгови. По распитот кај истражен судија како мерка на обезбедување и е одземен пасошот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com