-->

Волверин продолжува во Јапонија


Сагата за Волверин продолжува, и тоа со филм чие дејство ќе се одвива во Јапонија. По премиерата во која ’Men Origins: Wolverine’, и покрај појавувањето на интернет, заработи 85 милиони долари уште на старт, веста за снимањето продолжение не треба да изнбенадува.

Сепак, интересен е податокот дека дејството на вториот дел ќе се одвива во Јапонија. Всушност, дејството ќе се фокусира на оној дел од стрипот во кој што Волверин тренира кај самурај и ќе се заљуби во девојката Марико Јашида.

Се уште не се познати деталите околу продолжението, но затоа главната ѕвезда (Хју Џекмен) потврди дека работи ма цела низа на нови проекти, како што се филмот “Drive“, детективската приказна “Personal Security“, па дури и мјузиклот “Carousel“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com