-Станува збор за лингвален апарат кој што се разликува од стандардниот апарат за исправување, по тоа што се поставува на внатрешната страна на забите, истакнува доктор Александар Гулин, специјалист ортодонт.
Според зборовите на доктор Гулин, лингвалниот апарат за разлика од мобилниот е трајно фиксиран. Се поставува врз основа на претходно направен модел, а постапката на фиксирање трае околу час и половина.
- За оптимално прилагодување на апаратот пациентот треба да доаѓа на редовни контроли, а резултатите се брзо видливи особено ако се примени кортикотомија- мал хируршки зафат со кој коскената основа се подготвува за брзо поместување на забите, потенцира Гулин.