-->

Пијан украински министер се степа со германската полиција


Украинскиот министер за внатрешни работи и неговиот син се судриле со германската полиција на аеродромот во Франкфурт, откако сакале пијани да патуваат за Сеул. Фрлале мобилни телефони, а дошло и до тепачка!

Според денешен „Билд“, министерот Јури Лутшенко и неговиот 19-годишен син, долетале од Киев во Франкфурт, од каде што сакале да летаат за Сеул, со германската авиокомпанија „Луфтханза“.


Но, пилотот на авионот не сакал да ги пушти двајцата патници кои веќе биле пијани, викале и непристојно се однесувале.

Кога на излезот кон авионот се појавиле и полицајците, министерот и неговиот син фрлале по нив со мобилни телефони, а дошло и до тепачка, по што министерот и синот биле одведени во аеродромската полициска станица.

Според изворите на „Билд“, кај синот на министерот се откриени три промили алкохол во крвта. Откако се отрезниле, патниците синоќа го продолжиле патувањето.

 

Copyright © 2009 selotejp.com