-->

Ја оплодиле со погрешна сперма


Пар кој неодамна добил бебе зачнато со вештачко оплодување се сомнева дека друг маж е биолошки татко на нивното дете.

Клиниката за вештачко оплодување покренала истрага откако родителите ги објавиле нивните сомнежи. Но, признале дека дошло до мешање на примероците на сперма во три случаја во почетокот на годината.

Шокантно, но британското Министерство за здравство веќе две години е свесно за начинот на кој клиниките за оплодување работат со примероците сперма. Тие го затекле персоналот на една клиника како рутински работи со повеќе од еден примерок на сперма во лабораторија во исто време, иако веќе два пати биле предупредени дека на тој начин многу лесно може да се направат грешки.

Оплодените ембриони кои припаѓаат на паровите ќе бидат уништени. “Колку уште грешки се направени за кои јавноста не знае?“- запрашала вчера Јosephine Quintavalle лидер на групата “Етичка репродукција“. Таа нагласила дека паровите кои добиваат дете со вештачко оплодување мора да бараат ДНК тестирање за да бидат сигурни дека детето е нивно.


 

Copyright © 2009 selotejp.com