-->

Храната пред вежбање влијае врз согорувањето на масти

Типот на храна која се внесува пред вежбање може да влијае врз согорувањето на калориите при телесните активности, покажа истражувањето на британските научници.

Податоците на истражувачите од универзитетот во Нотингaм сугерираат дека жените кои за појадок јадат намирници кои значително не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта (мусли, јогурт, немасно млеко) за време на вежбите согоруваат 50 отсто повеќе масти отколку оние кои појадувале житарки или бел леб, намирници со висок гликемиски индекс. Овие намирници значително го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Студијата е направена врз осум 24-годишни жени со нормална телесна маса. Испитаничките внесувале иста количина калории, во просек по 265 калории, но со различен гликемиски индекс.

Научниците објаснуваат дека изостанувањето на зголеменото ниво на шеќер во крвта придонесува при вежбање да се трошат акумулираните резерви масти во организмот, објави Journal of Nutrition.

 

Copyright © 2009 selotejp.com